Приврзаноста на децата може да стане проблем

Темата за наклонетоста и децата секогаш буди прашања – како да изградите приврзаност кај децата, или како да се справите ако истата е претерана?

Што се однесува до наклонетоста, децата се поделени на неколку групи – оние кои се толку приврзани кон своите родители, што секогаш се цврсто залепени за нив, оние кои се соочуваат со потешкотии на ниво на емоционална приврзаност (тоа често е проблем на посвоени деца) и такви кои наоѓаат рамнотежата помеѓу приврзаноста кон своите родители и способноста да бидат самостојни и да се дружат.

Приврзаноста на децата се формира околу 6-месечна возраст, кога бебињата почнуваат добро да ги препознаваат своите родители и да се плашат од непознати лица. Од овој момент натаму е важно како ќе пристапите како родители. Многумина прават грешка, со тоа што постојаното се со детето на оваа возраст и не го оставаат да поседи во рацете на непознатите.

dete-bebe-maika-jena-celuvka-pregrudka-114655-500x334

Вистинскиот пристап не бара толку долготрајна комуникација со детето, колку што бара  квалитативна. Потрудете се да го соочувате детето со повеќе непознати луѓе, па тоа да се навикне и на странски лица. Не го држете постојано на раце и не го навикнувајте да спие во кревет кај вас (а дури е подобро да го навикнете да спие во својата соба уште додека е бебе). Ова сепак не значи да не го гушнете и смирите (само не претерувајте и не бидете премногу протективни спрема него) кога тоа има потреба од вас, бидејќи токму настанот на љубов кај детето, развива кај него чувство за љубов кон околните и го намалува ризикот од појавата на вообичаениот за многу деца –  страв од непознати лица.

Преголемата приврзанот, на која што го  навикнуваат   родителите своето дете,  во иднина често создава  проблеми со социјализацијата  и комуникацијата со нови лица и луѓе. Тоа пак е причина за формирање на стрес и дури страв кај детето при пристигнување во градинка.

Како прекумерното внимание, така и недостатокот на такво може да стане причина за проблеми со наклонетоста на детето. Децата кои не го добиваат  потребното  внимание ( под внимание имаме предвид не толку долго, колку квалитативно ) од родителите, често растат затворени во себе, недоверчиви, вознемирени, дури и агресивни.

- Реклама -