Приведен скопјанец поради предизвикување пожар, сакал да ја запали семејната куќа

Триесет и двегодишен скопјанец утрово е приведен бидејќи со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.

– Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово  во 5:00 часот го лишиле од слобода А.М. (32) од Скопје, бидејќи се сомничи дека околу 3:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка, соопшти МВР.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитајте и:  Најмалку десетмина загинати во пожар во пензионерски дом во Шпанија
- Реклама -