Пристигнува најбрзиот електромобил на планетата

Преродената компанија Detroit Electric организираше специјална презентација во седиштето, во Детроит, на која го покажа својот модел SP: 01. Според податоците на производителот, тоа е најбрзиот електромобил во светот, до стотка забрзува за 3.7 секунди, а максималната брзина му е 249 km/h.

Според изданието Car and Driver возилото е надградено на платформата од Lotus Exige. И покрај сличностите помеѓу англискиот и американскиот модели, производителот не го потврди тоа, туку соопшти само дека новиот модел е врз алуминиумска шасија, а целата каросерија на SP: 01 е од карбон. Благодарение на тоа електромобилот тежи едвај 1.070 килограми.

108_Detroit-Electric-SP-01-470-6

Електромоторот е сместен меѓу двете оски, а неговата моќноста изнесува 204 КЅ со максимален вртежен момент од 225 Nm. Тој се напојува од литиум-полимерни батерии со капацитет од 37 kW / h. Батериите се полнат од мрежа за 10 часа. Ако се користи уредот 360 Powerback што е сопствен развој на Detroit Electric за полнење се потребни 4 часа. Автономијата на возилото е 306 километри. Во стандардна опрема SP: 01 има 4-брзински мануелен менувач, а со доплата може да се нарача автоматски со две нивоа. Стандардни се уште системот ESP, како и составот за обновување на кинетичка енергија при сопирање.

294_Detroit-Electric-SP-01-470-4

Електричното купе ќе се произведе во серија од 999 примероци, а почетната цена му е 135.000 долари. Моделот ќе биде прикажан на салонот во Шангај , а ќе се продава од август. До крајот на 2014 година компанијата Detroit Electric предвидува лансирање на уште два спортски модел на електрична енергија.

252_Detroit-Electric-SP-01-470-5 510_Detroit-Electric-SP-01-470-2 629_Detroit-Electric-SP-01-470-3

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -