Пристигнува класичниот MINI со пет врати

Countryman веќе нема да биде единствениот модел на MINI со пет врати. Британската марка објави официјални фотографии на новата модификација на својата основна хечбек верзија, чија продажба започнува во октомври.

Петвратното MINI порасна за 161 mm во споредба со основната верзија и достигнува должина од 3.982 mm. Меѓуоскиното растојание е исто така порасна до 2 567 mm (+72 mm). Зголемените димензии се целосно во корист на патниците одзади, кои сега ќе имаат повеќе простор за нозете (+72 mm) и над главите (+15 mm). Пошироко ќе им биде и во областа на колената (+61 mm), а во товарниот простор ќе има 67 литри повеќе багаж (вкупен волумен 278 l).

Палетата на мотори ќе биде позајмена целосно од верзијата со три врати. Бензинските мотори се два – со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри (136 КЅ/220 Nm и 192 KS/280 Nm). Дизелите се со слична кубатура и моќност 116 КЅ (270 Nm) и 170 КЅ (360 Nm). Во зависност од моторот ќе се монтира 6-степен мануелен менувач или автоматски менувач со ист број брзини.



- Реклама -