Природни лекови против главоболка

Повеќе...Обично кога имаме главоболка најпрво посегнуваме по пилулите. Сепак постојат и мноштво природни лекови кои можат ефикасно да ја прекинат. Лекарот Hademar Bankhofer во својата книга дава неколку совети како на природен начин успешно да ја прекинете главоболката.


Обично кога имаме главоболка најпрво посегнуваме по пилулите. Сепак постојат и мноштво природни лекови кои можат ефикасно да ја прекинат. Лекарот Hademar Bankhofer во својата книга дава неколку совети како на природен начин успешно да ја прекинете главоболката.

water-glass-headache-lgЧаша вода
Многу пациенти дури во разговор со лекарот заклучуваат дека главата ги боли заради дехидрација т.е. недоволно внесување течности во организмот. Не заборавајте дневно да испиете барем литар и половина вода. А доколку имате главоболка, наполнете голема чаша вода и оставете ја некое време на собна температура. Веруваме дека ќе се почувствувате подобро откако ќе ја испиете.

Облоги
Некому ќе му помогнат топли, а на друг – ладни облоги. Доколку повеќе ви одговараат топли, затоплете ја главата со волнена капа, ставете на челото загреана ленена крпа или пробајте со топла купка за стапалата.

Ако ви помагаат ладните облоги завиткајте коцки лед во пешкир, замотајте го сето тоа во фолија и ставете го под тенка перница. Лежете така за тилот да ви биде точно под ладната облога.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

headache-break-hand-massageЕдноставна масажа
Против главоболка помага и масирањето на енергетските точки кои се наоѓаат помеѓу коренот на палецот и показалецот. Оваа точка масирајте ја со кружни движења 30 секунди и повторете ја постапката после кратка пауза.

Ментата ја ублажува болката

Маслото од мента е особено делотворно за главоболка. Маслото со прстите се втрива на челото, тилот и слепоочниците, а болката би требало да исчезне во рок од 15 минути. Bankhofer објаснува дека разладувачкиот ментол ги блокира токму оние рецептори во кожата кои ја поттикнуваат главоболката. Тој препорачува и на хартиено марамче да се накапат пет до седум капки масло од лаванда и тоа повремено да се помириса.

Пробајте го стариот рецепт
Измијте компир, пресечете го на половина и тријте го челото и слепоочниците со него се додека не се исуши. Главоболката би требало да прекине.

6a00d8341c65ff53ef0112790b635728a4-450wiЧаеви
Црниот чај и чајот од рузмарин проверено помагаат при главоболка. Мала лажица исушен рузмарин ставете во шолја, прелијте го со 250ml зовриена вода, оставете го да одстои десет минути, исцедете го и испијте го. Во црниот чај кој сте го приготвиле на вообичаен начин додајте четири истолчени каранфилчиња и оставете го да одстои пет минути. Исцедете и испијте го додека е сé уште топол.

- Реклама -