Природен лек за 75% подобра меморија

Рузмаринот има многу корисни квалитети: ја намалува мускулната болка, помага за раст на косата, го зајакнува имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата, го ублажува стресот … но денес ќе ви раскажеме за неговиот особено силен ефект врз меморијата.
Во 2003 година во меѓународен весник за неврологија е објавено истражувањето на M.Moss, J.Cook, K.Wesness и P.Duckett, посветено на изучување на ефектот од инхалации со етерични масла од лаванда и рузмарин врз когнитивните операции и расположенија на група од 144 волонтери. Резултатите покажуваат категорични подобрувања до 75% во квалитетот на меморијата на учесниците.

66a0dab4cd256081a44d34a42073a578
Понапредни експерименти (2012) покажуваат дека има многу добар ефект како врз долгорочната, така и врз краткорочната меморија. Покрај тоа, сушениот рузмарин во прав е со не помало влијание отколку свежиот.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Рузмаринот се одгледува прилично лесно во градина или на терасата. Може да се користи свеж и да се стави во близина на носот, за да го вдишуваме мирисот неколку минути. Исто така може да користите неколку капки етерично масло од рузмарин за да го освежите воздухот во собата. Особено корисен е за време на сесии, периоди за подготовка за испити, презентации и други активности поврзани со засилен ментален труд.

memory-puzzle

- Реклама -