Природен лек против главоболка

Главната состојка на спасоносните таблетки, салицинот, кој ги смирува болките, се наоѓа во добро познатиот јаткаст плод –  бадемот.
Главоболката е најчеста тегоба на модерниот човек а таа е неретко предизвикана од стрес, замор и преоптеретеност на организмот.

hitportal-badem

Рака полна бадеми е природен аспирин, а и неговото дејство трае подолго и секако, непожелни реакции воопшто не се присутни.

Главоболката вообичаено започнува од тилот и предизвикува слаба концентрација, раздразливост и омалаксаност. Со оглед на тоа дека главоболката е чест симптом на стрес, напнатост, грип, преладеност, воспаление на синусите и проблеми со варењето, стручните лица најчесто ја сметаат како непријатна појава и ја третираат како симптом а не како болест.

За уште подобар ефект за на природен начин да ја победите главоболката е да примените и алтернативни методи од типот на медитација, пиење на вода, опуштање но и соодветна храна. Токму рака полна бадеми (10-12 парчиња) е брз и делотворен начин за да ја победите главооболката на потполно природен начин.

Бадемот содржи големо количество на салицин, но и магнезиум кој е многу важен за подобар проток на кислород и нутритиенти во организмот што им помага на мускулите да се опуштат и да се намали раздразливоста.

Плодот може да се јаде сиров или претходно да се остави да отстои преку ноќ во вода, па како таков може да се додаде и во разни оброци.

- Реклама -