Помеѓу многуте трикови на ЦИА испаѓа дека некои од нив биле вистинска магија. Во 50-тите ЦИА го ангажирала магионичарот Џон Мулхоланд за да ги научи нивните агенти на некои трикови и тајни сигнали.
Помеѓу многуте трикови на ЦИА испаѓа дека некои од нив биле вистинска магија. Во 50-тите ЦИА го ангажирала магионичарот Џон Мулхоланд за да ги научи нивните агенти на некои трикови и тајни сигнали.
Инструкциите на Мулхоланд биле за едноставни трикови, зошто, според него, за трикот да биде добар треба во основа да биде едноставен. Наместо во стилот на Џејмс Бонд, идеалниот агент, според Мулхоланд, треба да биде анонимен и што помалу впечатлив, а неговите акции – природни, за ништо во врска со него да не предизвикува сомнеж.
Што, на пример, да прави агентот кој треба да пренесе важна тајна информација без да биде забележан? Па, може да проба да ги врзе чевлите на еден од овие начини.
Следниве илустрации се од новата книга наречена „The Official CIA Manual of Trickery and Deception,” која се базира врз двата прирачници кои ги напишал лично професионалниот магионичар Џон Мулхоланд. Овие строго доверливи прирачници требало да бидат уништени во 1973, но една од копиите била откриена во 2007 во тајните архиви на ЦИА.