Причини за зголемена телесна тежина

ТежинаПонекогаш чувствувате дека имате проблем со телесната тежина, иако не јадете премногу, вежбате, внимавате на себеси… Постојат неколку причини зошто е тоа така, но за среќа, постојат и решенија за проблемите.

Понекогаш чувствувате дека имате проблем со телесната тежина, иако не јадете премногу, вежбате, внимавате на себеси… Постојат неколку причини зошто е тоа така, но за среќа, постојат и решенија за проблемите.

Прекумерна тежинаЈадете од помали чинии!

Истражувањата покажаа дека луѓето што имаат зголемена телесна тежина имаат тенденција да одбираат поголеми чинии. Кога јадете од голема чинија, го измамувате мозокот дека има помалку храна пред вас, што подолго го држи активно чувството за глад, дури и откако ќе ја задоволите потребата за храна.

Не гледајте во храна додека јадете!

Чувајте си ја храната во фрижидер или во затворен простор. Никогаш не ја оставајте во видното поле. Особено не додека јадете. Ова ќе му даде сигнал на вашиот мозок дека има ви преостанува уште работа (во врска со јадењето) и одново, чувството за глад ќе остане активно подолго време.

Не ги чистете чиниите!

Игнорирајте ги советите што ви ги даваа како мали – оставете нешто на чинијата. Јадењето до крај, понекогаш предизвикува јадење со сила, уште малку, само затоа што има преостаната храна. Оставете си нешто за подоцна, па дури и фрлете го, сеедно, не морате да ја конзумирате сета храна што е пред вас.

Џвакајте ја храната!

Истражувањата покажаа дека луѓето со најголема телесна тежина ја џвакаат храната најмал број пати пред да голтнат. Иако нема директна врска помеѓу проблемите со телесната тежина и колку пати ќе ја изџвакате храната, простата логика вели дека колку повеќе џвакате, толку помалку пати ќе внесете храна во себе, пред да се почувствувате сити.

Не почнувајте веднаш со јадење!

Пред да започнете со јадење, размислете што ќе јадете. Откако ќе се одлучите, јадете го само тоа. Доколку почнете веднаш со јадење, големи се шансите да се најадете со нешто што не ви е особено вкусно, а потоа да продолжите со она што се го посакувале и едноставно да не можете да запрете додека има.

Не го прескокнувајте појадокот!

Ова веројатно е најдобриот совет. Луѓето кои што го прескокнуваат појадокот има околу 450% поголеми шанси да ја зголемат телесната тежина отколку оние што редовно појадуваат. Наутро ви се потребни протеини и растителни влакна за да го забрзаат метаболизмот и да ве одржуваат сити до ручекот.

- Реклама -