„Кога работам исечоци, обично читам неколку кратки вести, но мојот продуцент ми даде една повеќе од вообичаено. Последната гласеше – Жена од Одеса токму сега ќе доживее најголемо изненадување во својот живот, а набрзо ќе добие и ново презиме.Бев потполно збунета кога тоа го прочитав, а потоа на сетот се појави моето момче и ме побара за жена“, раскажува презентерката на вести Алекса Вилијамс (23) за вестите на вечерните часови на една тексашка телевизија.
Нејзиното момче Вејн Дансон застана пред камерите и официјално ја запроси велејќи: „ Не можев повеќе да чекам ниту еден ден за да ти кажам дека сакам да те сакам до крајот на својот живот. Сакав да знам дали и ти сакаш да ме сакаш во остатокот од твојот живот“.
Веројатно ова е најубавата вест во нејзиниот живот.