Претставници на Хамас и на Иран се во посета на Москва, потврди Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека претставници на Хамас се во посета на Москва.

„Можам да кажам и потврдам дека претставници на релевантното палестинско движење се во посета на Москва“, истакна Захарова.

Руски медиуми претходно објавија дека членот на политбирото на Хамас, Муса Абу Марзук ја предводи палестинската делегација.

Захарова наведе и дека во посета на Москва е и иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани.

МИА

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -