Претставена во целост Mazda3 Sedan

По серијалот тизери во целост е претставена новата седан верзија на Mazda3 и како што може да се заклучи возилото личи како помала верзија на Mazda6.

Откако пред само една недела беше претставена новата генерација на Mazda3 хечбек, од компанијата следеа неколку „провокативни“ фотографии за верзијата седан. За сепак да нема шпекулации и претпоставувања, набрзо од Mazda следеше и „пакет“ од фотографии за продолжената изведба.

363_mazda-3-470-1

722_mazda3-1100-6

Моделот, кој ќе пристигне на пазарите до крајот на годината, според дизајнот однадвор е многу сличен со хечбекот и се придржува стриктно кон идентитетот на предводникот во гамата, моделот Mazda6.

795_mazda3-1100-2 922_mazda3-1100-3

И ова е во склад со новата филозофија на јапонскиот производител, веќе добро познатиот Кодо дизајн. Внатрешноста е сепак значително полуксузна, но и поконзервативна во однос на „шестката“.

384_mazda-3-470-2

464_mazda3-1100

Уште нема потврда на моторите, но најверојатно ќе се користи гамата од хечбекот.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -