Претседателот Пендаровски сака тој и неговото семејство да бидат први во државата што ќе ја примат вакцината за Ковид-19

„Ова сакав да го кажам во некој друг повод, но бидејќи ме испровоциравте, ќе го кажам сега: Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими таа вакцина“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју во вестите на „Сител“, прашан дали ќе се вакцинира (кога ќе пристигнат првите количини од Pfizer и AstraZeneca).

Пендаровски појасни дека причината не е затоа што е загрижен за своето здравје, бидејќи како претседател релативно добро е заштитен со соодветни протоколи, туку за да ја зголеми свеста кај граѓаните, инспириран од, како што рече, одредени анкети кои покажуваат дека исклучително мал број од граѓаните се подготвени да се вакцинираат. Посочи дека, ако е можно тој да биде првиот што ќе се вакцинира, тоа би можело да се реализира во рамките на некаков промотивен спот во таа цел. Притоа потенцираше дека не зборува само за себе, туку и за припадниците на неговото семејство.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„Се работи за вакцина која е тестирана, проверена и доаѓа од најдобрите светски производители“, истакна претседателот, додавајќи, по малку на шега, дека тој не спаѓа во ранливите категории – ни по возраст, ниту по професија.

 

- Реклама -