Претседателот на Германија ги повика Арапите во земјата да искажат осуда за Хамас

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска побара луѓето со палестински и арапски корени кои живеат во Германија да се дистанцираат од исламистичката милитантна група Хамас, јави ДПА.

„Не дозволувајте да бидете инструментализирани од соучесниците на Хамас“, рече тој за време на дискусијата организирана во неговата официјална резиденција во Берлин.

„Зборувајте за себеси. Јасно отфрлете го теророт“, порача шефот на германската држава.

Палестинската заедница во Германија треба да има простор јавно да ја изрази својата болка и очај поради цивилните жртви на израелските напади врз Газа, рече тој.

„Правото да се направи ова јавно и мирно е загарантирано со нашиот Устав – и ова право не е доведено во прашање“, рече Штајнмаер.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

„Но, тероризмот, поттикнувањето омраза и повиците за уништување на државата Израел не се дел од оваа гаранција и очекувам заедно да застанеме против тоа“, додаде тој.

МИА

- Реклама -