Претседателите на осум ЕУ членки побараа итен почеток на преговори за членство на Украина во унијата

Претседателите на Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија, во отворено писмо, ги повикаа земјите членки на ЕУ веднаш да ѝ одобрат на Украина статус на ЕУ кандидат и да започнат преговори за членство на земјата во ЕУ.

„Ние, претседателите на ЕУ Членките: Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија, силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна перспектива за пристапување во ЕУ“, се вели во писмото, пренесува Ројтерс.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -