Австралиецот Џејкоб Френсис Брукс на сопствената венчавка се појавил „мртов“ пијан, поради што свештеникот одбил да ја изврши церемонијата, а невестата го напуштила.
Во изјава за „Аделаид Нау“, Брукс вели дека единствено жали затоа што избрал „погрешен“ свештеник и изразува надеж дека неговата вереница ќе му се врати.
„Страшно ми недостига“, изјави 40-годишниот Брукс, кој сега се моли вереницата да му се врати, повторно да се вљуби во него и да се согласи да се венчаат.
Брукс тврди дека пред венчавката испил пет „чашки“ алкохол, но дека не бил пијан.
„Ноќта пред венчавката има ергенска вечер.. Па дајте, сите ние сме мажи“, изјави Брукс во своја одбрана.
Покрај за „погрешниот избор“ на свештеник, Брукс изјави дека жали и за 20-те илјади австралиски долари (13.580 евра) што ги потрошил за организација на свадбата со 120 гости што не се оддржа.