Предвидувања за иднината од таткото на научната фантастика

Хуго Гернсбек бил многу различни работи за различни луѓе. За неговите фанови тој бил визионер кој ги започнал највлијателните научно фантастични магазини во дваесетиот век.

За други тој бил „Хуго Стаорецот“, издавач кој често знаел да не им плати на своите писатели. Сепак тој имал бујна фантазија и направил неколку предвидувања за иднината. Во септмвриското издание на Science and Invention од 1927 година биле претставени “Twenty Years Hence”  на Гернсбек.

Безжична енергија

Никола Тесла и неговата „безжична светлина“ биле на насловната на магазинот Electrical Experimenter во февруари 1919 година. Идејата за безжична енергија на Тесла го инспирирало Гернсбек да направи предвидување во оваа област: „Верувам дека за дваесет години ќе можеме безжично да испраќаме електрична енергија.“

Телевизија

Гернсбек бил пионер во полето на радио и имал неколку предвидувања за телевизијата. Во 1927 година телевизијата сè уште не била практична и не била замислена како медиум. Тој ги замислил телевизорите како метод за двонасочна видео комуникација: „За дваесет години телевизијата ќе биде универзална секојдневна појава. Ќе можете да разговарате со пријател преку телефон и истовремено ќе можете да го видите преку вашиот телевизор.“

Болести

„Најверојатно е дека во следните дваесет години двете најголеми опасности за луѓето, туберколозата и ракот, ќе бидат целосно отстранети или пак ќе бидат контролирани и повеќе нема да бидат третирани како опасни. Овие две болести ќе бидат совладани на ист начин како што дијабетесот беше совладан во минатите неколку години.“

Животен век

„Просечниот човечки живот беше продолжен од околу 40 години во Средниот Век до 60 години денес. Луѓето ќе живеат многу подолго со текот на времето, главно поради подобра лична хигиена, подобра санитација и подобро разбирање на човечкото тело. Самоуверено тврдам дека сегашните просечни 60 години ќе се зголемат за најмалку 5, а можеби дури и десет години до крајот на следните 20 години.“

„Од друга страна, стапката на смртност кај бебињата, која значително беше намалена во минатите 50 години, ќе биде дополнително намалена. Не постои причина за повеќето болести од кои страдаат бебиња.“

Контрола на времето

За време на Студената Војна имало идеи за користење на контролата на времто како оружје но неколку децении претходно Гернсбек замислил „универзална контрола на времето“ која ќе може да биде контролирана со едно копче: „За дваесет години контролирањето на времто нема да биде само теорија.“

„Иако ќе биде потребно подолго време за добивање на контрола врз времето за дваесет години ќе можеме да предизвикаме дожд кога ќе биде потребен во градовите и над фармите. Но сè уште нема да можеме да ја контролираме температурата.“

- Реклама -