Предмети што не треба да се оставаат во возилото на топло време

Автомобилот е неизоставен дел од човековото секојдневие, па полезно е да се знае кои секојдневни предмети и производи никогаш не треба подолго да се оставаат во возилото лете и на потопло време.

Лекови

Лековите секогаш треба да се вадат од автомобилот, бидејќи многу од нив имаат температурни ограничувања. „Парацетамолот“, на пр. има горна граница од 25 Целзиусови степени. Ако се остави во автомобил, топлината може да влијае на кој било лек и да го направи бескорисен. Затоа, секогаш е добро и корисно да се провери етикетата на лекот, за да се види дали има ограничување, пишува „Мирор“ (Mirror).

Според американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), за само еден час, возило оставено на Сонце може да се загрее од 26 Целзиусови степени до 50 степени.

Вода во шише

На високи температури, важно е да луѓето секогаш да имаат вода со себе. Но, исто толку важно е никогаш да не се оставаат пластични шишиња во загреан автомобил.

Топлината предизвика испуштање хемикалии како полиетилен-терефталат и други, од пластиката во водата. Последиците не се целосно познати и објаснети, но влијае на вкусот и бојата на водата…

Креми за сончање

Како и со водата, кремот за сончање е важен производ за време на топлотните бранови, но не оставајте го во возилото. Според познавачите, пред сѐ, шишето може да се прегрее и да ја изгуби својата делотворност – слично како лекот. Топлината, исто така, може да предизвика шишето да се подува и да експлодира, по што следи сосем непотребното подолго чистење на автомобилот.

- Реклама -