Нејтан Еванс, од Брекнел, блиску до Рединг, ја побарал својата девојка, Анџела Олано за жена, со помош на изложбена крава и специјално изработен знак.
Анџела Олано била потполно изненадена од потегот, не само затоа што се во врска само 15 месеци, туку и затоа што мислела дека одат на прошетка по англиските села, поточно во оддалечен паб, да прослават роденден на нејзин роднина. Парот донел одлука свадбата да биде во септември, а на менито нема да има говедско месо.
Во една прилика, Анџела му кажала на Нејтан дека многу сака крави и дека кога би можела да чува крава, би го направила тоа. Логично, кога тој ја однел на село, првата помисла била дека ќе одат да гледаат крави. Кога клекнал пред неа, со прстенот и го повторил прашањето испишано на кравата, таа само кусо му одговорила – зарем можам да кажам не?
Кравата била обезбедна од Кетрин Елмс, од фармата Костоу, недалеку од Враутон. За специјалната прилика, ја избањале и средиле кравата, за да изгледа совршено. Кетрин вели дека изложбените крави биле барани за многу нешта, но ова е една од најчудните пригоди. [Cow helps man pop the question in a Wiltshire field]