Прави што ќе правиш, не заборавај да се истегнеш. Еве зошто

Ако имате навика да го истегнувате телото пред да вежбате, во вашата канцеларија пред да почнете да работите нешто или пак пред спиење, веројатно го знаете бенефитот на оваа постапка. Всушност сите оние кои сакаат здраво срце, грб и здрави вени треба да го применуваат ова.

Еве зошто.

Помалку маснотии во телото
Кога не сте активни, вашето тело создава масни клетки. Дури и ако сте слаби и внимавате на исхраната, можно е да имате високо ниво на маснотии во телото, а тоа се должи на слабата физичка активност. Целодневното седење во канцеларија може да го уништи сиот ваш труд вложен во добриот изглед, како што е внимавањето на исхраната. Затоа е добро да се истегнувате, кога веќе не вложувате повеќе во физичката активност.

Се намалува болката во грбот
Вежбањето јога или практикувањето на некои други конвенционални вежби можат да ја намалат болката во вашиот грб и тоа ефектот може да трае и до неколку месеци.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Здраво срце
Можеби звучи неверојатно на прв поглед, но истражувањата покажуваат дека истегнувањето е добро за артериите на срцето.

Можете ли да се наведнете и да си ги допрете прстите на нозете? Ако тоа не ви успева тоа значи дека не сте флексибилни и дека вашите артерии се покрути што може да доведе до висок крвен притисок.

Истегнувањето пак го поттикнува создавањето на колаген и еластин во вените и мускулите.

Зголемена издржливост
Истегнувањето ќе ви помогне да станете посилни и поиздржливи, односно има сличен ефект како кога одите во теретана. Тоа не значи дека со него можете да го замените аеробикот и вежбите генерално, но истегнувањето може да ви биде еден вид подготовка за посериозното вежбање.

- Реклама -