Децата се честа појава во нашето секојдневие, а најлесно ќе ги познаете по тоа што прашуваат многу и секакви прашања. Па така, друштвената мрежа Reddit ги праша родителите да споделат некои од најзабавните и најслатки прашања што нивните мали херои им ги поставиле.
* Лично не се сеќавам, ама татко ми редовно ме потсетува на тоа. Сме се возеле со кола, а јас сум имал само 7-8 години. Сме застанале на црвено и одеднаш сум го прашал: „Еј тато, дали избричена горила би изгледала како грдо бебе или и понатаму би личела на горила?“. Татко ми уште се смее на тоа прашање.
* „Ако отвориме прозор кога е внатре ладно, а надвор топло, дали топлиот воздух влегува внатре или ладниот воздух излегува надвор?“
* „Како се вика просторот меѓу „иглите“ на чешелот?“
* „Од каде доаѓаат мислите?“ Немав одговор.
* Јас сум инструктор по пливање за деца. Омилено прашање ми е: „Кога ќе научиме да дишиме под вода?“
* Минатиот Божиќ, тетка ми и го спакува подарокот на мојата тригодишна братучедка, и тоа во 3 слоја украсна хартија, за да ја нервира. Откако ги отпакува двата слоја, ја погледна тетка ми и ја праша: „Беше ли ова навистина неопходно?“
* Кога баба ми му соопшти на семејството дека повторно ќе се мажи (10 години по смртта на сопругот), мојот роднина кој има 5 години, ја праша зошто. Таа му одговори дека навистина и се допаѓа идниот му дедо и дека тој разговара со неа, па таа не се чувствува осамена кога е со него. Тогаш тој ја праша: „Бабо, а зошто тогаш не си купиш папагал?“
* „Што е она? Дали е ова утро кога се будиме? Што е планета?“ Се тоа го праша одеднаш, а потоа отрча некаде глумејќи супер-херој.
* Чував неколку деца во основно училиште и еден 10-годишник ме праша како гром од ведро небо: „Дали диносаурусите имаат гради?“
* Мојот помал брат еднаш ме праша: „Зошто имам две очи кога гледам само едно нешто?“ Сега е лесно да му објаснам, ама тоа беше прилично импресивно прашање за дете од 4 години.
* Среде вечера, без никаква најава, ниту контекст, ме праша: „Како се чувствуваше ти последниот ден кога беше дете?“
* Колачите се печеа во рерна, а моето тригодишно дете ме праша: „Дали се лоадираат?“