Гениталната ХПВ инвекција е полово пренослива болест предизвикана од папипома вирусот.
Името се однесува на група вируси со повеќе од 100 типови, од кои повеќе од 30 се полово преносливи. Кај повеќето кои се инфицирани од ХПВ не се јавуваат никакви симптоми, а инфекцијата поминува сама од себе. Типовите на вирусот кои покажуваат сериозни абнормалности на папа тестовите се нарекуваат „типови од висок ризик“. Инфекцијата од овие типови може да доведе до развој на карцином на вратата на матката, вулвата, анусот или пенисот. Останатите типови на ХПВ кои обично не предизвикуваат некои посериозни цитолошки нарушувања ги нарекуваме типови од „низок ризик“.
Како доаѓа до гениталната ХПВ инфекција?
Секое лице кое некогаш имало генитален контакт со лице кои е инфицирано од ХПВ може да е зафатено од оваа инфекција. Ова се однесува и на машките и на женските кои можат инфекцијата и натаму да ја пренесуваат без за тоа да бидат свесни. Типовите на ХПВ кои го инфицираат гениталниот состав примарно се шират по пат на полово пренесување. Ретко се случува да се пренесе инфекцијата од мајката на детето по пат на вагинално породување.
Кои се симптомите и знаците на оваа инфекција?
ПОвеќето од носителите на ХПВ, воопшто не знаат дека се инфицирани. Вирусот живее во кожата или во слузокожата и обично не покажува никакви симптоми. Кај некои луѓе се јавуваат кондиломи или промени кај вратата на матката, вулвата, анусот или пенисот. Кондиломите се јавуваат во вид на меки, влажни, издигнати, рамни или папиломатозни, поединечни или повеќе творби со розева или црвена боја. Тие можат да се појават и по неколку недели од половиот контакт со инфицираното лице. Методите на отстранување вклучуваат апликација на креми од страна на пациентот или разни методи кои ги одредува доктор. Ниту еден тераписки метод не е генерално подобар од некој фруг, ниту пак е идеален за сите случаи на ХПВ.
Како се дијагностицира?
Кај жените, ХПВ се дијагностицира преку пап тест. Исто така, постојат и специјални тестови за утврдување на присутноста на вирусот во организмот. Кај машките, се уште не постои соодветен тест за дијагноза на ХПВ инфекцијата.
Која е поврзаноста помеѓу ХПВ и карцином на вратата на матката?
Сите типови на ХПВ можат да покажат благи промени во папа тестот без озбилни последици, но некои од нив можат, во ретки случаи, да доведат до карцином на вратата на матката. Од друга страна, кај многу мал број жени ХПВ инфекцијата се задржува подолг период, и како таква таа претставува ризик за развој на карцином на вратата на матката. Со редовни гинеколошки прегледи навреме се утврдува почетната промена на вратата на матката и се отпочнува соодветен третман. За тоа колку е важен редовниот папа тест, доказ се жените кои се жртви на канцер на вратата на матката само заради нередовно тестирање.