Познати личности на кои им е забранет влез во хотели

Што носи со себе позната личност кога оди во хотел? Гламур, папараци и многу често многу хаос.

Џон Траволта

Инцидентот: Според извор од Peninsula Hotel во Њујорк, Траволта не смее да влезе во хотелот поради повторено „несоодветно однесување“ во почетокот на овој век. Наводно неколку масажери се пожалиле за неговото „морничаво“ однесување за време на масажи.

Чарли Шин

Инцидентот: Ова е модерен класик за уништување хотели: додека престојувал во Плаза Хотелот во Њујорк во 2010 година актерот наводно имал несакана реакција на „лековите“ и започнал да ја уништуа својата соба облечен само во долна облека – за тоа време порно актерката која неодамна ја запознал се криела во тоалетот од страв.

Шин ги искршил огледалата, телевизорот и мебелот правејќи штета од 20.000 долари.

Линдзи Лохан

Инцидентот: Линдзи Лохан не е добредојдена во Стандард Хотелот во Холивуд откако оваа пролет започнала тепачка со еден од гостите во. По тепачката Линдзи Лохан го претркала хотелот и сама се протерала од хотелот и го прогласила за „проклетство“.

Бритни Спирс

Инцидентот: Иако легендарниот Шато Мармонт во Лос Анџелес има историја за прибирање диви ѕвезди, од Ерол Флин до Денис Хопер и Линдзи Лохан, хотелот наводно ѝ забранил влез на Бритни во 2007 година. Причината? Лоши манири на маса: таа наводно го мачкала своето лице со храната, поттикнувајќи жалби од неколку гости.

Парис Хилтон

Инцидентот: Во 2010 година само со обидот за пријавување во Вин хотелот Парис се здобила и со забрана и со криминално обвинение. Пред да пристигнат во хотелот Парис и нејзиното тогашно момче биле запрени од полицијата – настан кој брзо ескалирал кога таа посегнала по кармин во својата торба по што ѝ испаднала торбичка со кокаин.

Wynn and Encore ѝ забраниле пристап на Хилтон и го отпуштиле нејзиното момче кој во тоа време бил менаџер на два ноќни клубови.

- Реклама -