Барање за регистрација на изглед на досега непознат модел е поднесена од BMW во патентниот завод на Јапонија?! Според изданието Carscoop се претпоставува дека се работи за идната i5 – целосно нов модел од брендот, кој ќе го заземе местото меѓу BMW i3 и i8.
Објавените слики даваат можност да се видат голем број детали кои ќе бидат во основата на возилото. На пример, заклучок е дека предниот дел на новото BMW i5 личи значително на она на i8, благодарение на карактеристичната маска на ладилникот и на истегнатите ромбоидни фарови. Во исто време задница е слична на онаа на i3 поради горниот дел на багажникот и светлата.
Засега технички детали за моделот нема. Претходно оваа година се појави информација дека BMW i5 ќе излезе во две верзии електрична и хибридна, а во компанијата ќе типуваат главно на првата. Таа ќе добие мотор со моќност од 225 КС, кој ќе може да поминува до 400 километри со едно полнење. Подоцна агрегатот ќе добие дополнителни 50 КС. Што се однесува до хибридниот, тој ќе биде комбинација од 2,0-литарски бензински турбо-мотор со моќност од 200 КС и два електромотори.
Многу експерти спореа околу тоа, дали i5 ќе биде седан или кросовер, но сега јасно се гледа дека Баварците подготвуваат лифтбек.