Познати финалистите за Светски автомобил на годината 2017

Организаторите на годишниов конкурс за Светски автомобил на годината ги објавија имињата на финалистите, од кои ќе се изберат победниците во шесте категории. Носителите на титулите ќе бидат објавени за време на меѓународниот салон во Њујорк, на 13 април.

Во главната категорија – Светски автомобил на годината 2017, за блескавото признание ќе конкурираат Audi A5 / S5 Coupe, Audi Q2, Audi Q5, Fiat / Abarth 124 Spyder, Honda Civic, Jaguar F-PACE, Mazda CX-9, Škoda Kodiaq, Toyota C-HR и Volkswagen Tiguan. За најдобар луксузен автомобил на годината 2017 на планетава, до финалната фаза стигнаа Bentley Bentayga, BMW 5, Genesis G90, Mercedes-Benz E и Volvo S90 / V90. Aston Martin DB11, Audi R8 Spyder, Honda / Acura NSX, McLaren 570s и Porsche Boxster Cayman пак ќе се обидат да стигнат до наградата во категоријата за Светски спортски автомобил на годината 2017. Титула за најдобар еколошки автомобил ќе отиде кај еден од следниве претенденти – Chevrolet Bolt, Honda Clarity Fuel-Cell Car, Hyundai Ioniq, Tesla Model X или Toyota Prius Prime.

Оваа година жирито ќе утврди и победник во категоријата Светски градски автомобил на годината, а финалисти се BMW i3 (94 Ah), Citroen C3, Ford KA +, Smart Cabriolet и Suzuki Ignis. Наградата за Светскиот автомобилски дизајн на годината 2017 ќе биде решена во битка меѓу Audi A5 / S5 Coupe, Jaguar F-PACE, Mazda CX-9, Mercedes S Cabriolet и Toyota CH-R.

- Реклама -