Во понеделникот во 11 часот, лондончани, заедно со пожарникари, политичари и локални полицајци, одржаа комеморација за загинатите и повредените во минатонеделниот пожар во Grenfell Tower со едноминутно молчење.
Можеше да се забележи дека пожарникарите одвај ги задржуваат солзите, а некои и плачеа.
Според сознанијата до понеделник утрото, бројот на загинати и исчезнати (за кои се претпоставува дека се загинати) е 79. Досега се идентификувани само пет од телата. Исто така, само петмина од првично пријавените исчезнати беа најдени здрави и живи.
Порано дента, со солзите се бореше и метрополитенскиот полициски командант Стјуарт Канди додека даваше изјава за новинарите и ги опишуваше сцените од внатрешноста на 24-катната кула. Претходно беа објавени снимки од истата, покажувајќи ја интензивната штета предизвикана од пожарот. Рече дека било „неверојатно емотивно да се работи таму… и е неверојатно тешко да се опише пустошот во одредени делови од зградата“.
На комеморацијата, пак, пожарникарите оставија цвеќе со емотивна порака.
„Никогаш не сме работеле понапорно. Дадовме сé од себе. Простете ни што не беше доволно. Со љубов, пожарникарите.“
На темата: Животот е кучка, а доказот е поракава најдена во изгорената висококатница