Пожар во фабрика на Samsung го загрозува пуштањето на Galaxy S5

Пожарот, кој ја уништи фабриката и нејзините залихи во град Ансон во Јужна Кореја, го загрози пуштање на новиот паметен телефон Samsung Galaxy S5.

Фабриката е сопственост на партнер на Samsung Electronics и таму би требало да се произведуваат печатените електронски плочки за Galaxy S5.

Покрај брзата реакција на пожарникарите, борбата со огнот траела 6 часа. Уништено е не само производството, но и складираните материјали. Штетите се проценуваат на 1 милијарда долари.

Од Samsung коментираа дека претпријатието во Ансон не е единственото каде се извршува производство за новиот смартфон. Затоа нема да се попречи на премиерата, велат од компанијата.

Сепак локални интернет ресурси изразуваат стравувања дека е можно првично да има дефицит на Galaxy S5.

Според плановите Galaxy S5 ќе се појави во 150 земји на 11 април.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -