Поздрави, пофалби и чеченска одора за Вучиќ од Кадиров

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретнал со советникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и при тој разговор добил многу интересен подарок, соопштија ТВ „Н1“ и „Нова.рс“.

Советникот на Кадиров, Турко Даудов, за време на разговорите ги пренел поздравите од Чеченија до претседателот на Србија и преку него до целиот српски народ, а на крајот од средбата е направена интересна фотографија каде Даудов на Вучиќ му врачил национална бурка и капа.

„Денес во светот има тешка политичка ситуација; кога Русија дојде во одбрана на духовните, традиционалните и семејните вредности, му покажа на Западот отфрлање на вонземската идеологија што тие ја наметнаа, можеме да кажеме дека целиот западен свет се крена против неа. Но, и покрај сите тешкотии и огромниот притисок што го врши Европа, раководството и народот на Србија не само што не се спротивставија, туку и ја покажаа својата поддршка за Руската Федерација“, напиша советникот на Кадировна својот Инстаграм профил.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

„Во таа насока Рамзан Кадиров ме замоли лично да изразам почит и да пренесам дека вековните братски односи меѓу Русија и Србија уште еднаш ја покажаа својата сила“, додаде тој.

Вучиќ ја искористи приликата да му се заблагодари на тоа што, како што рече, рускиот народ за нив е братски народ.

„Затоа, руско-српските односи не можат да бидат уништени под никаков притисок“, изјавил Вучиќ, соопштија белградските медиуми.

Извор: МИА

- Реклама -