Додека се чека почетокот на собраниската седница за последната фаза на уаставните измени, во политичките кругови се шпекулира дека Беса на Билал Касами и премиерот Зоран Заев постигнале компромис во преговорите околу барањата на албанската опозициска партија, пишува „Независен“.
Во кулоарите се зборува дека договорено е пратеничката на Беса – Теута Билали, да ги поддржи уставните измени, додека вториот пратеник – Фадил Зендели, да гласа „против“.
Тоа би значело и дека не се прифатени барањата на Беса, барем не целосно.
Што се однесува до двотретинското мнозинство, од претходно кружат информации дека е обезбедено и без гласовите на Беса.