Во последните триесет години, поголемиот дел од Кина сé повеќе го прифаќа западниот капитализам. Но едно место од 3.000 жители сé уште го држи маоистичкиот модел на кинеската историја. Некогаш успешна егалитарна заедница, Нанџие со време сé повеќе станува неочекувана комунистичка икона и пример како овој систем може да продолжи да функционира. Во прво време, владата го бомбардира селото со пари, со цел тоа да ја задржи фасадата на успешниот егалитарен модел. Но, како што остатокот од земјата се сврте кон капитализмот, Нанџие од симболот на успех стана временска капсула и центар на Маосталгијата.
Денес во селото преку разгласот до бескрај се пуштаат старите комунистички песни. Тоа стана туристичка атракција за Кинезите кои се заинтересирани за тоа како некогаш се живеело. Австралискиот фотограф Тим Фенби поминал годинава таму некое време и еве што раскажува за тоа како се живее во последното комунистичко село во Кина.
„Тоа село е необичен изолиран меур во централна Кина кој делува како тотална спротивност на остатокот од земјата. Од она што сум го видел, поголемиот дел на Кина е доста гласен и преполн со реклами и неонски знаци. Но кога ќе влезете во Нанџие, улиците се навистина широки, има помалку автомобили и како што навлегувате во селото, тоа е сé потивко“.
Зошто местото го сочувало овој модел?
„Ова е доста сложена приказна. Некаде во 1989 година, по настаните на плоштадот Тјананмен, голем дел од Кина полека се сврте кон некоја форма на капитализмот и приватзацијата. Во тоа време, Нанџие беше релативно успешно село, а повеќето од старата гарда во Кина, политичарите и воените генерали на кои не им се допаднаа промените, го доживеаја Нанџие како пример за функционална заедница.
„Местенцето и пред тоа во одредена мера беше наклонето кон левицата и Маоизмот, така што голем број политичари почнаа да го трупаат со големи суми пари. Од тие причини Нанџие почна се повеќе да свртува кон лево, додека остатокот од Кина полека потпаѓа под западното влијание“.
Значи, тие на некој начин станале столб на пропаднатиот комунистички сон?
„Да, почнаа да добиваат дебели кредити од владата. Ако површно и` пристапите на приказната за Нанџие, селото навистина ќе ви изгледа како егалитарно место. Меѓутоа, ако малку повеќе загребете под површината, ќе видите дека успехот лежи во кредитите кои ги добија“.
Што стана со парите што пристигнуваа?
„Кредитите им овозможија да се подигнат сите тие споменици. Пред некој ден прочитав дека еден од градските фактори спискал милиони долари кредити во обид да изгради перпетуум мобиле“.
Дали овие споменици се причина што Нанџие стана туристичка атракција?
„Да, за аутсајдерите како што сум јас, тоа е туристичка атракција као што претпоставувам Дубаи ќе биде во иднина. Тука во одреден момент се сврте голема сума пари и поради тоа се случија сите овие необични работи. Овие споменици стануваат застарени, може јасно да се види на фотографиите, повеќето од нив се чини дека изгледаат денес навистина чудно“.
„Кинеските државјани одат таму за да разберат као би изгледал нивниот живот во тврд комунизам. Наводно, атмосферата е навистина слична на некогашната. Луѓето од Кина кои бараат идеализиран концепт на маоистичка Кина, ќе најдат многу од тоа во Нанџие. Цел ден преку разглас пуштаат комунистички песни. На некој начин дури е симпатично. По многу нешта, ова е всушност прилично пријатно и шармантно место за живеење“.
Зборувавме многу за туристите, но како им е на жителите да живеат во оваа остарена диорама?
„Ова е на некој начин право Потемкиново село. Кинеските академици го нарекуваат егалистичко, но тука се игнорира фактот дека поголемиот дел од работната сила се мигранти. Тие мора да ги почитуваат строгите локални закони кои ги оставаат без бенефиции. Тие не добиваат куќи, образование ниту храна како локалното население“.
Да се вратиме малку на огромните кредити што ги добија. Како се справуваат со намирување на долгот?
„Кредитите никогаш и не требало да се вратат. На тој начин местото и можело да постои. Мислам дека во 2000 година имаше 23 компании, главно фабрики, и дека само три беа профитабилни“.
Како ова да го земеме здраво за готово, кога вучи како прилично тажно место за живеење?
„Тешко е да се каже како луѓето навистина се чувствуваат, но се чини како да се преправаат дека сé е во ред. Една вечер отидов сам во локален ресторан во близина на хотелот. Еден средовечен локалец ми пријде и ме покани да седнам со неговата група во другата просторија. Таму десет души седат и пушат, присуствувам на голема гозба. Ме тераат да пробам различни видови храна, се чаламат со голема трпеза, сакаат да ми покажат колку добри луѓе се“.
„Потоа, кога се подготвував да заминам, ми дадоа пакло домашни цигари и шише домашно вино од ориз. Им беше многу важно да покажат дека градот функционира и дека е успешен. Сепак, далеку е од тоа“.