Џон Ленон, Тупак Шакур, Абрахам Линколн и Џон Ф. Кенеди делат иста смрт – сите биле убиени со куршум. Сега уметникот Дејвид Палмер решил да создаде портрети на овие икони користејќи го најнеобичниот медиум – чаури.
По собирање на доволно чаури тој ги составува во метално „платно“ по што со помош на оган ги создава темните сенки на портретите. Преку користење на овој навидум несоодветен медиум за да ги претстави жртвите на куршуми Палмер се надева дека луѓето ќе „ги видат чудата кои можат да настанат ако се решиме на создавање наместо уништување“.