Porsche подготвува одговор на Ferrari

Идниот модел на Porsche со централно поставен мотор ќе добие 3.9 литарски боксер агрегат со четири турбини.

Супер спортската изведба на германскиот производител треба да се појави на пазарот во 2017 година, а ќе им биде конкурент на Ferrari 458 Italia и McLaren MP4-12C.

Ова го соопштија повеќе интернет медиуми кои се повикуваат на извори од производителот. Според нив новата ѕверка ќе биде опремена со големи интеркулери, директно вбризгување на горивото, турбополначи со променлива геометрија, два режими на издувниот систем и погон на четири тркала.Моќноста на агрегатот, кој ќе се комбинира со 7-степен роботизиран менувач, ќе биде 650 КЅ. Благодарение на тоа автомобилот ќе забрзува од 0 до 100 km/h за 2.5 секунди. Се очекува моделот на Porsche да биде изграден на сосема нова платформа, во чија конструкција ќе се користат алуминиум, челик, магнезит, карбон и титаниум. Иста шасија ќе добијат и следните генерации на Audi R8 и Lamborghini Gallardo. Тежината на возилото ќе биде 1.361 килограм. Според информациите, во подоцнежна фаза ќе биде пуштена и GT-верзија, која ќе биде за околу 91 килограм полесна, бидејќи нема да има систем за погон на сите тркала.

Во овој момент новината носи кодно име FeFi (Ferrari Fighter). Претходно се тврдеше дека таа ќе се вика или 961 или 919, но според последните информации ќе го носи името 960. Очекуваната вредност на автомобилот ќе изнесува околу 400.000 евра.

Текстот е објавен во соработка сo Авто Плус.

- Реклама -