Porsche го доби случајот „тежок“ 1,2 милијарди евра

Porsche доби клучна судска битка, откако германскиот Федерален суд го отфрли обвиненитео против компанијата од страна на 19 здружени фондови, соопштува Bloomberg. Тие побараа 1.2 милијарди евра отштета во врска со неуспешниот обид на Porsche да го „проголта“ Volkswagen во 2008.

Porsche тогаш предводена од Венделин Видекинг, холдингот успеа тивко да стави рака врз 74.1 проценти од акциите на VW (преку купување и опции). Соопштението за ова предизвика вистинска паника меѓу десетиците хеџ фондови, кои тргуваат преку т.н. „кратка продажба“ со вредностите на VW. Во поедноставна смисла „кратките продажби“ значат да земеш активна позајмица за одреден период за да купиш акции и потоа да ги продадеш, потпирајки се на фактот до крајот на рокот цената ќе падне и ќе можеш да го откупи и вратиш назад, при тоа да реализираш профит.

Тајната офанзива на Porsche сепак значеше дека на слободниот пазар остануваат помалку акции на Volkswagen, отколку што се обврските на вмешаните хеџ-фондови. Тоа предизвика очајно наддавање меѓу нив и во рок од неколку дена цената на акциите на VW од околу стотина евра стигна до над 1.100 евра. За околу една недела Volkswagen беше компанијата со најголема пазарна капитализација во светот, надминувајки ги Еxxon-Mobil и Apple. Многу од вмешаните хеџ- фондови пропаднаа, а „преживеаните“ претрпеа штета од над 10 милијарди евра.

Поранешниот шеф на Porsche, Венделин Видекинг, исто така беше обвинет за пазарни манипулации, но судот го ослободи и обвинителството одлучи да не поднесе жалба. Во меѓувреме сепак VW со контра-атак, го „проголта“ Porsche и Видекинг беше ослободен. Против Porsche беа поведени судски постапки во вкупна вредност од речиси седум милијарди евра, под обвинение за пазарни манипулации. Најсериозна беше онаа 19-те споменати фондови, меѓу кои Viking Global Equities, Greenlight Capital и Glenhill Capital. По неколку последователни отфрлања од регионалните судови, таа конечно стигна и до Федералниот суд, кој за возврат процени дека од Porsche ги информирале коректно акционерите и не манипулирале на пазарот. Поради тоа што ова е највисоката судска инстанца во Германија, на пресудата не може да се жалите повеќе. Повеќето од останатите побарувања ќе бидат разгледани во пакет од врховниот суд на провинцијата Долна Саксонија идното лето.

Иронично смелиот обид на Porsche да го преземе VW пропадна, па затоа компанијата се задолжи, настапи финансиска криза и на крајот се случи спротивното, можеби и очекуваното Volkswagen го презема Porsche.

Автоплус

- Реклама -