Поразот на Бразил им создаде тешки маки на порно-сајтовите

Поразот на Бразил од Германија е денешна топ тема на интернет сеирџиите, а она што се случи главно се споредува со две нешта: Холокаустот и понижувачки секс во јавност. Втората, им создаде големи маки на порно-сајтовите, особено на Pornhub. Имено, корисниците на популарниот сајт за стримувано порно постојано прикачувале клипови со моменти од мечот, со наслови во стилот „Young Brazillians get fucked by entire German Soccer Team“.

germanyfucksbrazil

Не дека нема вистина во тие зборови, ама сепак, тоа не е содржината по која трага Pornhub. Затоа, на социјалните мрежи, Pornhub мораше да ги моли корисниците да престанат.

pornhub

„Ве молиме престанете со прикачување на хајлајти од мечот на нашиот сајт… Нашата јавно понижување категорија е преполна“, гласи апелот.

Звучи како шега, ама на интернет можеа да се најдат доста докази што ќе го потврдат случајот. До моментов, сите видеа од „Атлетски германски пастуви што повеќекратно пенетрираат во бразилската одбрана“ би требало да се отстранети.

- Реклама -