Home Букаке Поранешен шампион во бокс се задавил јадејќи кроасан во живо на телевизија

Поранешен шампион во бокс се задавил јадејќи кроасан во живо на телевизија

0
Поранешен шампион во бокс се задавил јадејќи кроасан во живо на телевизија

Поранешниот аргентински боксер Марио Мело починал во текот на телевизискиот пренос од натпревар во јадење кроасани, поради задушување.

„Гледав како брат ми се струполи и се гушеше на сцената зад водителот. Веројатно луѓето мислеа дека тој се обидува да се пошегува, но тој всушност очајнички бараше помош“, вели неговата сестра Аида Мело за локалната телевизија TN.

По извесно време бил повикан лекар од публиката, а потоа Мело е одведен во локалната болница во градот Пинамар, каде подоцна е прогласен за мртов.

Мело бил шампион во полутешка и супертешка категорија во Јужна Америка во текот на ’80-тите и ’90-тите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here