Порака до Русија: Велика Британија испрати воен брод во Црно Море

Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон денеска ја посети Украина, каде на украинскиот министер за одбрана – Степан Полторак, му порача дека Црно Море не ѝ припаѓа на Русија и дека HMS Echo – воен брод на Британската кралска морнарица, е закотвен во Одеса за да покаже дека Киев не е сам.

 

„HMS Echo е овде бидејќи пред сé сакаме да демонстрираме солидарност со Украина и дека Украина не е сама“, изјави Вилијамсон.

„Исто така сакаме да порачаме“, додаде тој, „дека имаме право да доаѓаме во пристаништа како Одеса, имаме право на слободна пловидба и ја имаме слободата морнарицата да може да делува во Црното Море. Тоа не е руско море, тоа се интернационални води“, порача британскиот министер за одбрана.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон

 

- Реклама -