FitnessCorner: Популарните Омега 3 – што e всушност тоа ?

Често читаме/слушаме за важноста на омега 3 масните киселини. Што се тие и за што се корисни ?

Омега 3 масните киселини (есенцијални масни киселини) имаат многу бенефити и ги препорачувам на секој што има можност да ги конзумира, најчесто преку додаток во исхрана (суплемент), затоа што преку регуларната храна се внесува во доста мала количина. Најзастапена е во рибата, јајцата, јаткастите плодови, лененото и маслиновото масло, лененото семе и слично.. Проблемот е тоа што е тешко да се конзумира во доволната количина само преку храна, затоа што треба да се внесе голема храна квантитативно, а со тоа и други (не)потребни макронутриенти. Тука настапуваат додатоците во исхрана (суплементите) како поедноставен и попрактичен начин да се внесат во потребната дневна доза.

omega-3-foods

Како што постојат есенцијални амино киселини (EAA) така постојат и есенцијални масни киселини (EFA). Самото нивно име – ЕСЕНЦИЈАЛНИ кажува колку се тие важни, затоа што нашето тело не може самото да ги синтетизира (произведе). Тие се потребни за функционирање буквално за секоја клетка во телото. Мозочната обвивка е создадена од овие масни киселини. Помага за намалување на лошиот холестерол во крвта, подобрување на меморијата, нормално функционирање на хормоните, подобрување на осетливоста на инсулинот, превенирање на многу многу болести кога се конзумира редовно, и што уште не…

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

open-uri20130224-8151-1pbx77s
Можете да ги најдете во секоја аптека, продавница за суплементи, само обрнете внимание на нутритивната вредност и соодносот на EPA ( 180 mg) и DHA (120 mg) и побарајте капсули од 1 грам (1000 mg).

- Реклама -