Поправете ја крвната слика и намалете ги килограмите со оваа 5-дневна диета

Освен што ги смирува цревата, ги спречува воспалителните процеси и ја подобрува крвната слика, зелката е и добар сојузник во топењето на вишокот килограми. Диетата со зелка има брзи и видливи резултати, така што за седум дена можете да изгубите и до 4-5 килограми.

Поради големата количина на минерални соли, витамини и хлорофил, на слабокрвните луѓе им се препорачува да јадат што повеќе зелка.

Најдоброто од сé: Намалените килограми нема да се вратат ако и по завршувањето на диетата ги следите правилата на здравата исхрана и секојдневно пиете најмалку осум чаши вода.

ПРВ ДЕН

Појадок: две јајца, лимон, црно кафе
Ручек: супа од зелка, ладна пилешка салата, спанаќ, лимон, чај или кафе
Вечера: ладна пилешка, доматен сок, лимон, чај

ВТОР ДЕН

Појадок: кафе, салата од свежа зелка и домати
Ручек: риба, зеленчук на скара (сé освен компир), салата од зелка
Вечера: овошна салата

ТРЕТ ДЕН

Појадок: кафе, банана
Ручек: супа од зелка, 300 грама говедско месо
Вечера: салата од зелка и домати

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: кафе, два домати
Ручек: супа од зелка, 300 грама пилешко
Вечера: 300 грама говедско месо и два домати

ПЕТИ ДЕН

Појадок: кафе, зелен зеленчук (најдобро е подготвено на пареа)
Ручек: супа од зелка, 200 грама пилешко
Вечера: печен компир со путер

- Реклама -