Едноставна и доста корисна програма која овозможува складирање на веќе инсталираните драјвери со само неколку кликања со маусот.
Реинсталацијата на оперативниот систем е мачна и долготрајна работа, бидејќи освен што треба наново да ги инсталирате сите програми, треба повторно да ги инсталирате и сите драјвери, што е навистина досадно. Но, затоа постои DriverGrabber, малечка и бесплатна програма која ќе ви заштеди доста време.
Овој текст е наменет за корисниците на постарите ОС (Windows XP i 2000), па повелете запознајте го вашиот помошник, програмот DriverGrabber.
Иако DriverGrabber е долго во бета верзија, а може и никогаш да не се појави во финална, за него е карактеристично што може од компјутерот да ги повлече драјверите од инсталираните хардверски уреди и да ги зачува во мапа од каде и самиот програм се стартува. Не треба да го инсталирате, а самата постапка не нуди апсолутно никакви подесувања.
Всушност, сѐ си е автоматски до крајот на работата, програмата сама се исклучува и во мапата во која се наоѓате ќе сретнете нова мапа Drivers, во која се наоѓаат извлечените драјвери од компјутерот. Ако сакате да имате поголема контрола врз работата на вашиот компјутер ѕирнете во датотеката DriverGrabber.txt каде се наоѓа извештај за сѐ што е сработено.
DriverGrabber работи со х86 и х64 процесори, така да може да ги зачува драјверите на 32 и 64 ОС. Значи, да повториме уште еднаш, програмот е крајно едноставен за користење и освен забрзаната работа на процесорот нема да забележите други знаци дека програмата работи. Како краен резултат ќе добиете група од мапи (фолдери) за секој драјвер посебно, а во нив разни .dll и .sys дадотеки.