Полска и Словачка договорија испорака на борбени авиони за Украина

Словачка и Полска постигнаа договор за испорака на словачки борбени авиони МиГ-29 на Украина, објавија во Братислава министрите за одбрана на двете држави.

Со оглед дека Словачка ќе остане без своите МиГ-ови бидејќи ќе ѝ ги даде на Украина, Полска се согласи (во периодот додека Словачка ги чека американските Ф-16 што ги нарача од САД пред неколку години) да го обезбедува словачкиот воздушен простор со своите американски „Ф-16“-ки, информираше словачкиот министер за одбрана – Јарослав Над.

Според неговиот полски колега – Мариуш Блашчак, „совршено природно“ е полските воздухопловни сили да ја прошират својата област на операции на јужниот сосед.

Првично, уште во првите недели од војната, Словачка негираше дека ќе го исполни барањето на Украина за авиони од советски дизајн, за да може да го брани сопственото небо против Русија.

Извор: МИА

- Реклама -