Полска разговара да добие американско нуклеарно оружје

Варшава, 5 октомври 2022 (МИА) – Полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека Полска разговара со САД да ја вклучи во програмата за нуклеарно споделување, која им овозможува на некои сојузнички земји да добијат американско нуклеарно оружје и да можат да го користат само доколку Вашингтон им дозволи.

„Проблемот е пред сè што немаме нуклеарно оружје. Ништо не укажува дека Полска би можела да го има во блиска иднина. Секогаш постои потенцијална можност за учество во Програмата за нуклеарно споделување. Разговаравме со американските лидери за тоа дали САД размислуваат за таква можност. Темата е отворена“, рече претседателот Дуда во интервју за полскиот неделник „Газета Полска“.

Полскиот претседател рече дека руските закани за употреба на нуклеарно оружје укажуваат на начин на размислување дека Русија ако не биде голема, светот може да престане да постои.

Прочитајте и:  Саботажа? „Длабока загриженост“ во Германија и Финска, оштетен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји

„Доколку Русија започне нуклеарна војна, одговорните за неа ќе бидат проколнати низ целиот свет“, рече Дуда.

Белгија, Холандија, Германија, Италија и Турција се вклучени во заедничката програма за нуклеарен одговор, а нуклеарното оружје е во нивните бази, но може да се употреби само во рамките на заедничката одбрана на НАТО и со дозвола на САД.

- Реклама -