Полска и Германија побарале од Русија да купат нафта за 2023 година, тврди директорот на Трансњефт

Директорот на руската државна нафтена компанија „Трансњефт“ – Николај Токарев, изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година.

„Тие рекоа дека од 1 јануари нема да купуваат нафта од Русија, а сега добивме барања од полски компании за набавка на три милиони метрички тони следната година. И Германија исто така испрати барање за првиот квартал од следната година“, изјави Токарев за телевизијата „Русија 24“.

Податоците што ги изнесе директорот на Трансњефт се во спротивност со индициите дека Полска планира да се откаже од договорот за купување руска сурова нафта, коментираат светските агенции.

ЕУ претходно одлучи да престане да купува руска нафта преку поморски патишта од 5 декември, при што западните земји исто така воведоа ограничувања на цената на руската сурова нафта, но нафтоводот „Дружба“ преку кој Полска увезуваше руска нафта беше изземен од санкциите.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -