VW Polo и како кросовер

Најголемиот германски производител развива SUV верзија на следната генерација на Volkswagen Polo. Проектот сé уште е во зачеток, а се очекува малиот кросовер да се појави на пазарот во 2016 година.


Автомобилот ќе биде надграден на новата платформа на Volkswagen, на која ќе се најдат следната генерација на Golf, како и новиот Audi А3, кој го имаше своето деби пред три месеци на салонот во Женева, а во продажните места пристигнува наесен.

Се очекува идниот SUV да биде со агресивна форма, купеовски покрив и тесни светла. Моделот ќе биде опремен со бензински и дизел агрегати со моќност помеѓу 100 и 150 КЅ. Моторите ќе работат заедно со рачен менувач, како и со роботизирана трансмисија со двојна спојка. Според информациите од Волфсбург, ќе се користат искуствата и технологии од поголемите браќа на ова поле.

Кросоверот ќе биде со преден погон во стандардната верзија, а системот за погон на четири тркала ќе се порачува како опција. Цената се очекува да биде околу 20.000 евра.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -