Полицаец сопрел автомобил на Google, се движел премногу бавно

Еден од самоуправуваните автомобили на Google беше сопрен од полицаец, бидејќи се движел премногу бавно.

Причината била тоа што возилото возело со 38 км / ч при дозволени 56 км / ч, поради што зад него се формирала долга колона.

googlecar

Од полицијата во Маунтин Вју информираа дека полицаецот го сопрел возилото бидејќи возело со премала брзина и довело до сообраќаен метеж. Откако тој забележал дека тоа е еден од автономните автомобили на Google, се поврзал со оператор, за да разбере како е избрана брзината на движење.

Според калифорнискиот закон автомобилите без возач можат да се движат по патишта, каде максималната дозволена брзина е до 56 км / ч. Од Google информираат дека автомобилите веќе поминале 1,6 милиони километри на патиштата и до овој момент не биле казнети.

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси
- Реклама -