Само полиција може да го запре Роналдо

Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини со интересен став за најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, во пресрет на вечерашниот меч од Лигата на шампионите.

Тој смета дека само со полиција може да се сопре популарниот напаѓач на Кралевите, Кристијано Роналдо.

„Тешко е да се игра против фудбалер кој речиси на секој натпревар постигнува по неколку голови. Можеме само да се надеваме дека ова нема да биде негова вечер. Ќе повикаме полиција, само тие можат да го сопрат Роналдо“, изјави Роберто Манчини.

Италијанскиот стратег призна дека токму Роналдо ја заслужува „Златната топка“ за оваа година: „Човекот играше фантастично и со Реал Мадрид успеа да ја симне Барселона од тронот во Шпанија. Тоа, ќе признаете, е неверојатно тешко“, истакна Манчини.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити
- Реклама -