Кога дошло време овој Антонов Ан-24 да полета од Боајбо, Русија, единствен проблем бил фактот што пистата била прекриена со кал.
Но, некои пилоти се поистрајни од други па така на овој не му трепнало ни око и едноставно решил да полета според планот. А за да не помислите дека се работи за пилот кој полетува со празен авион, еден од патниците решил да го снима полетувањето.