Поларнава лисица настапува со иста храброст како ти како мал/а ѝ крадеше на мајка ти од колачите пред да ги послужи за гости.
Илдар Биктимиров – добродушен рибар некаде од замрзнатиот Сибир, беше дециден лисицата да не му ја чепка рибата, ама на крајот не успеа да ѝ одолее на шармот.
И после двајцата си продолжиле среќно да си живеат, нели? Се разбира дека не. Поларна лисица не си оди со една риба.
Патем, знаевте ли дека поларните лисици ја полнат устата слично како хрчаците?
На крајот на денот, лисицата може да биде многу благодарна што на Илдар му беше до мајтап, а не до риба.
Во случај да ви е тешко да се разделите од белава крзнена топка, на неговиот YouTube канал има уште пар видеа од средбава.