Погледнете кој го купи прототипот Ferrari 512s Modulo

Американскиот колекционер и посебен клиент на Ferrari, Џејмс Гликенхаус, го купи единствениот произведен прототип Ferrari 512S Modulo од Pininfarina.

Автомобилот е претставен во 1970 година на салонот во Женева и создаден е од тим на дизајнерската компанија. Не е тајна дека Гликенхаус го нарача кај  Pininfarina проектот P4/5, по што беше создаден P4/5 Competizione. Сеуште не е јасна цената која ја понудил магнатот за Modulo, но е јасно дека автомобилот ќе биде подложен на модификации во Европа, по што ќе биде управуван од Гликенхаус.

Прототипот е тежок 900 килограми и е со должина 4.480 милиметри, широк е 2.040 mm и висок 935 мм. Моторот е V12 со зафатнина од 5.0 литри со 557 КЅ, во спрега со 5-брзински мануелен менувач.




- Реклама -