Поглед кон почетоците на автомобилскиот дизајн во Европа

Оваа година студиото за дизајн на Opel во Риселсхајм ја слави својата 50-годишнина. Дизајнерскиот центар е автор на голем број на уникатни автомобили – од првиот Opel Experimental GT, преку аеродинамичното чудо Tech1, до прикажаното минатата година концептно купе Monza.

Отворањето на новата зграда на дизајнерскиот центар во јуни 1964 година, во рамките на комплексот N10, означува пресвртница во развојот на автомобилската индустрија во Европа, бидејќи тоа е најголемото во тоа време самостојно дизајнерско студио на автомобилска компанија на Стариот континент. До овој момент повеќето европски автомобилски производители најчесто нарачуваа развој на нови концептни модели во надворешни студија, центри, компании…, специјализирани во оваа област. Северна Италија, особено главниот град на покраината Пиемонте, Торино во тоа време се сметаше како своевидна Мека на автомобилски дизајн. Пјетро Фруа, Џузепе „Нучо“ Бертоне и Пининфарина во своите работилници меѓу Алпите и Апенините креираа многу од концептните студии и сериски модели на европските автомобилски производители.

Идејата за создавање на сопствено дизајнерско студио во Opel води потекло од чекорите преземени од американската матична компанија GM. Во Ворен, во близина на седиштето на гигантот во Детроит, стилистите на GM Styling работат врз формите на идните автомобили уште од крајот на 50-тите години на минатиот век. Американците решиле во Риселсхајм  да направат сличен центар, кој претставува токму во однос на формата, распределбата и функционалните карактеристики копија на стилистички центар во Ворен, во Мичиген. Само димензиите се малку намалени.

Дизајнот во новиот центар е дел од стратешка цел за создавање на основа на идните успеси на производите на компанијата. Додека на други места се развивал само изгледот на каросерија, во Риселсхајм стручњаците мислеле и на стајлингот и на емоциите на  корисниците, кои се покажале битни за автомобилите на иднината.

Центарот брзо се претвора во своевидна меѓународна школа за патен дизајн и претставува вистински магнет за најдобрите стручњаци во оваа област. Aнатол Лапен, Eрхард Шнел, Џорџ Галијан, Чарлс M. Џордан, Херберт Килмер, Крис Бенгл, Mурат Насри и Хидео Кодама – тоа е само мал дел од листата на дизајнерите, кои работеле во минатото за Opel. Корените на многу од модерните значајни идеи, форми и стилистички изразни средства во автомобилскиот дизајн зачнале од Риселсхајм.

Листата на иконски примероци создадени во студиото Advanced Design во последните 50 години, исто така е импресивна. Концептниот Opel Experimental GT е првиот проект кој младиот тим го презентира пред пошироката публика само една година по отворањето на центарот во Риселсхајм. Уште во 1965 година најдинамичниот спортски модел одбележува деби под рефлекторите на штандот на Opel на салонот во Франкфурт.

Набргу потоа следува брза серија на примероци како спортското купе Opel CD со аеродинамичен стилизирана каросерија и моќен V8 во 1969 година, студијата GT2 со лизгачки врати во 1975 и чудото Tech1, чиј коефициент на воздушен отпор cW =0,235 предизвикува вистинска сензација на почетокот на 80-тите години на векот. Секако тука се креирани и еден Kadet, Omega, Astra, Insignia…

Најновиот творба на тимот од дизајнери во одделот Advanced Design на центарот беше доставен на минатогодишниот автомобилски салон во Франкфурт. Студијата Opel Monza Concept покажува стилистички решенија и технички концепти кои во следните неколку години ќе се развиваат понатаму и ќе го најдат своето место во различни сериски модели во гамата на брендот Opel.


- Реклама -