Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски – Михаило Подољак, во објава на Твитер, и тоа на македонски јазик, ѝ се заблагодари на Македонија за помошта што ѝ ја пружи во војната со Русија.
Иако Подољак во твитот не спомнува конкретно за каква помош се работи, неговата порака со благодарност доаѓа набрзо откако МНР и Министерството за одбрана потврдија дека Македонија на Украина ѝ донирала тенкови, но и откако медиумите објавија дека покрај тенковите Т-72, земјава на Украина ѝ ги донирала и „сухоите“.
„Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на 🇺🇦. Ние никогаш нема да го заборавиме ова“, напиша Подољак на Твитер.
Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од G20. Како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на 🇺🇦. Ние никогаш нема да го заборавиме ова.
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) August 6, 2022